Некогашната потенцијална ѕвезда на холандскиот фудбал, Ројстон Дренте полека доаѓа до крајот на неговата кариера.
31-годишниот бек кој по блескавите игри во Феенорд и Европското првенство за млади на кое победи со Холандија, се пресели во Реал Мадрид, но никогаш не заигра на највисоко ниво.
Се сметаше за голем потенцијал на холандскиот фудбал, но откако не успеа да се докаже во Реал Мадрид, тој не успеа ниту во послабите Херкулес, Евертон, Аланија, Ридинг, Шефилд, Кајсери, а и во Бaнi Јас – неговиот последен клуб од Обединетите Арапски Емирати.
Минатата сезона заврши во клубот наречен Бани Јас во Емиратите, а по завршувањето на сезоната договорот бил раскинат.
Тој сега се фрли во музичките води.