Себастијан Фетел кај возачите и Ферари кај конструкторите се победниците на првата трка сезонава во F1 која утрово се возеше во Мелбурн, Австралија. По 58 извозени круга, Фетел со време од 1:29:33.283 и предност од +5.036 пред Хамилтон кој стартуваше од пол позицијата, заврши на првата позиција. Возачот на Mercedes иако стартуваше од пол позицијата сепак не успеа да ја задржи таа предност. Фетел и Хамилтон на првите две позиции завршија пред финецот Раиконен кој со своето Ferrari заврши на третата позиција со заостанување од +6.309 во однос на победникот Фетел. Ваквиот ранг овозможи да и Ferrari како конструктор ја забележи првата позиција и запише 40 поени на своето конто.
Одлично возење имаше Рикијардо од Red Bull – TAG Heuer кој иако стартуваше од 8. позиција на крајот заврши на 4. позиција со нешто повеќе од 7 секунди заостанување во однос на Фетел, но и 20 секунди пред Фернандо Алонсо кој заврши една позиција зад него. Во продолжение е прикажан комплетниот пласман на оваа прва трка сезонава.
Alfa Romeo Sauber тимот немаше толку славно деби. Трката ја заврши само Леклерк кој заврши на 13. позиција додека неговиот тимски колега поради технички причини трката ја заврши уште во 5. круг.
Во однос на генералниот пласман кај возачите, на првата позиција е Фетел со 25 поени пред Хамилтон кој има 18 односно Раиконен со 15 поени. На 4. позиција се наоѓа Рикијардо со 12 позиција, а една позиција подоле Алонсо со 10 поени. Како што споменавме и претходно, во конкуренцијата на конструктори првата позиција ја освои Ферари и со тоа освои 40 поени пред Мерседес кој има 22 поени, два повеќе од Ред Бул на третата позиција односно 10 во однос на МекЛарен на 4 позиција.
Следната трка на програмата е на 8 април кога е закажана трката за големата награда на Бахреин.