Со бројни естетски и технички новости, јапонскиот производител Honda го претстави новиот Forza 300 скутер наменет за Европа. Во однос на тежината, благодарение на новиот рам, Forza 300 е полесен за 12 килограми што воопшто не е малку. Исто така смалено е и меѓуоскиното растојание што носи подобро и попрецизно управување.
Во однос на моторот нема големи измени, 279 ccm продуцира 25 КС, а доклку се земе во предвид фактот што е и полесен од претходникот тогаш Forza 300 е и далеку побрз. Работено е и на ефикасноста, па така со овој скутер со само 1 литар гориво можете да поминете 31 километар. Како други новитети може да се наведе контролата за пролизгување, поголемите тркала, т.н. smart key, инструменталната табла како и LED свеетлата.
Forza скутерите на Honda бележат одлични продажни перформанси во Европа. На пример помалиот Forza 125 модел од своето воведување пред три години па се до денес продаден е во 30 илјади примероци. Истиот успех Honda планира да го постигне и со редизајнираниот 300 кој во продажба треба да се појави кон крајот на јуни годинава.