Иако пред неколку дена од Volkswagen објавија дека популарната Буба нема да добие наследник, сепак медиумите во Германија пишуваат дека овој бестселер и натаму ќе се произведува. Volkswagen работи на обновување на својата гама, а Arteon, Atlas и T-Roc беа дел од овие планови на германскиот производител. Во овој план место најдоа и Polo, Golf, Tiguan и Touareg, но дефинитивно место нема да има за популарниот Beetle.
Засега не е познато кога ќе се прекине со производството на овој автомобил кој во минатата година во земјите од ЕУ беше продаден во 22.360 примероци. Инаку овој модел е убедливо најпродаваниот автомобил на Volkswagen со продадени над 20 милиони автомобили и еден кој покрај Ford Model T, Mini, Fiat 500 и Citroen DS го одбележа минатиот век. Раритет е и тоа што овој автомобил се произведувал на 19 локации ширум светот вклучувајќи го и Сараево.