More
    HomeАуто МиксРетро автомобилРетро автомобил на неделата: Volkswagen Type 3

    Ретро автомобил на неделата: Volkswagen Type 3

    Објавено на

    На почетокот на 60те години голема популарност добивале автомобилите од C сегментот. Еден од попопуларните автомобили од овој сегмент бил Volkswagent Type 3. Овој автомобил за прв пат се појавува на Интернационалниот саем за автомобили во Франкфурт во 1961 година под називот 1500 и бил достапен во три изведби: Notchback, Fastback и Squareback.

    File:Volkswagen Type 3 BW 2016-09-03 13-28-39.jpg
    ФОТО: VW 1500 Fastback

    Овој автомобил кој бил познат и под називот 1600 се произведувал и продавал во периодот од 1961 до 1973 година. Во овој период биле произведени и продадени 2.542.382 возила кои биле произведувани во Волфсбург (Германија), Сао Бернардо до Кампо (Бразил) и Клејтон (Австралија). Со тоа овој автомобил бил еден од најпродаваните во тој период.

    Во зависност од изведбата oвој автомобил на тогашните купувачи бил достапен со 1.5 или 1.6 литарски мотор со мануелна и автоматска трансмисија. Најмоќната изведба на овој автомобил т.е. Fastback со 1.6 литарски мотор достигнувал максимална брзина од 125 км/ч.

    Овој модел на германскиот производител се прослави и со рекламата во која дел беше и Дастин Хофман кој ја потенцираше просторноста и “невидливиот мотор”.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ