На претстојниот саем за автомобили во Њујорк кој започнува на 30 март италијанскиот производител Fiat ќе ја претстави специјалнaта изведба наречена Urbana Edition. Она што е ново кај оваа изведба се црните алуминиумски 16 инчни фелни и затемнетите “стоп” светла кај екстериерот додека во ентериерот и новите седишта и затемнетите елементи во ентериерот. При тоа купувачите ќе треба да одберат една од следните пет достапни бои: Bianco White Ice, Perla White Tri-Coat, Pompei Silver, Granito Gray и Metallo Gray.
Оваа изведба ќе биде достапна само со еден 1.4 литарски турбо бензински мотор со 135 КС и 203 NM, а во понудата ќе има и мануелен и автоматски менувач. Продажбата на оваа изведба на Fiat 500 ќе започне веднаш по саемот во Њујорк, a засега не е позната цената.
Инаку Fiat 500 бележи солидна продажба во САД. Минатата календарска година беа продадени 12,685 автомобили, а рекордот е во 2012 кога во САД биле продадени 43.772 Fiat 500 автомобили. Со оваа освежена изведба Fiat се надева дека ќе ја зголеми продажбата на Fiat 500 во САД и најмалку за уште две години ќе го продолжи животниот век на овој автомобил на овој пазар.