По Mercedes-Benz, и BMW одлучи да го скокне наредното издание на Интернационалниот саем за автомобили кој во јануари традиционално се одржува во Детроит. Оваа вест ја потврдија од германскиот производител од каде брифираа дека BMW нема да учествува на наредниот саем во Детроит без при тоа да потврдат дали во 2020 повторно ќе се вратат на истиот.
“BMW Групацијата одлучи да се повлече од Интернационалниот Саем во Детроит. Оваа одлука беше донесена поради истражувањето на алтернативни платформи и формати (на промоциј). Нашата крајна цел е да ги претставиме нашите идеи и планови за иднината на најдобар начин и да постигнеме зголемена видливост на нашите производи, технологии и иновации” стоеше во соопштението од германскиот производител.
Инаку се повеќе авто производителите се решаваат да ги редуцираат настапите на автосаемите. Така Opel не настапи во Женева, а во јануари во Детроит со свои штандови не настапија Jaguar, Land Rover, Porsche и Mazda.