Откако беше објавено дека четвртата генерација на Forester официјално ќе биде претставена на претстојниот саем во Њујорк, се појави нова фотографија од Subaru Forester. Од истата не може многу да се види околу дизајнот, но може да се каже дека станува збор за модерен дизајн со оштри линии. Според официјалните информации Forester премиерно ќе биде претставен уште на првиот саемски ден односно 28 март кога е закажана и премиерата на RAV4.
Според засега сиромашните информации новиот Forester ќе добие изменет дизајн на предниот дел како и позади каде ќе добие светла во C форма. Се шпекулира и дека овој модел ќе биде базиран на новата Subaru платформа наречена SGP, истата платформа која ја користи и новата генерација на Impreza како и останатите модели кои се во најава.
Инаку новата генерација на Forester како и претходните, акцент ставаат на американскиот пазар каде во својот сегмент буквално се неприкосновени. Така за минатата година Subaru од овој свој модел продаде 177.563 возила, а веќе неколку години се наоѓа на врвот во својот сегмент.