Иако сеуште под импресии од саемот во Женева, за два дена започнува уште еден голем настан во светот на автомобилизмот – саемот во Њујорк. Со 14 светски премиери и 16 северноамеркинаски, на овој саем не очекуваат многу новитети. Веќе на големо се пишува за ѕвездата на саемот – новата Nissan Altima.
Од јапонскиот производител успешно ги кријат деталите во пресрет на денешната премиера, а она што се знае е дека ќе ги задржи истите мотори како и претходната генерација, вклучувајќи го и 2.5 литарскиот четирицилиндричен бензински мотор со 179 КС и помоќниот 3.5 литарски V6 мотор со 270 КС.
Од останатата опрема, Altima ќе располага со предна и задна камера, LED светла, а ќе биде вградена и последната генерација на навигација и системи за асистенција на возењето со што Altima прераснува во полу автономно возило.
Се шпекулира дека Altima во продажба ќе се најде на почетокот на следната година, а со овој модел Nissan верува дека ќе успее да прерасне лидер во сегментот пред Ford Fusion, Toyota Camry, Honda Accord, Kia Optima и останатите автомобили.