Откако дебитираше на саемот во Женева и ги освои сите симпатии на љубителите на автомобилите, последната вест поврзана со Peugeot 508 вели дека најмоќната изведба на последниот новитет на францускиот производител ќе располага со 270КС. Оваа изведба ќе ја носи додавката GTi и ќе биде директен конкурент на VW Arteon кој располага со 280 КС.
Инаку за разлика од претходната генерација која се базираше на PF3 платформата, новиот 508 се базира на новата EMP2 која францускиот производител ја користи за SUV моделите. Голема разлика има во надворешниот дизајн кој е инспириран од концептите Instinct и Exalt. Во однос на внатрешноста во новиот 508 е вграден i-Cockpit кој е составен дел од актуелните модели како што се 308 и 5008. Во стандардната опрема ќе добиете 9,7 инчен капацитивен екран осетлив на допир кој ќе ви овозможи целосна мултимедијална интеграција со сите ваши паметни уреди.
Цената на новиот Peugeot 508 не е позната, а се очекува да биде конкурентна на конкуренцијата во D сегментот. Според неофицијални информации новата 508ца ќе се произведува единствено во Рен (Франција) и Вуан (Кина). За потсетување, претходната генерација на 508 се произведуваше на пет локации и тоа во Франција, Кина, Малезија, Нигерија и Иран, а продажбата на овој автомобил се одвиваше исклучиво во ЕМЕА регионот вклучувајќи и неколку земји од Африка.