Жирито составено од 82 новинари од 24 земји донесоа одлука, Volvo XC60 е прогласен за “Автомобил на годината”.
“Од сите награди и признанија што ги добивме претходно, оваа ќе биде најистакната во нашата витрина” изјави Андерс Густафсон, претставник на Volvo America кој не ја скри возбудата при доделувањето на признанието. Ова е втора голема награда за Volvo. Претходно, Volvo XC40 беше избран за “Европски автомобил на годината”, a Volvo автомобилите добиваа и бројни регионални и национални признанија во повеќе земји од светот.
Со оваа награда, Volvo XC60 им се приклучува на Jaguar F-Pace (2017), Mazda MX-5 (2016), Mercedes-Benz C класа (2015), Audi A3 (2014), Volkswagen Golf (2013), Volkswagen Up! (2012), Nissan Leaf (2011), Volkswagen Polo (2010), Volkswagen Golf (2009), Mazda2 / Mazda Demio (2008), Lexus LS460 (2007), BMW Serije 3 (2006) и Audi A6 (2005) кои во минатото се закитија со ова признание.