Во пресрет на престојниот саем во Њујорк, Toyota го објави првиот видео тизер од новата генерација на RAV4. Краткото видео и тоа како ја зголемува љубопитноста, а она што може да се примети од предниот дел е поагресивниот дизајн што во голема мера се разликува во однос на претходните генерации на RAV4,
Од јапонскиот производител најавија дека најпопуларниот SUV модел во историјата ќе дојде со изменет екстериер како и ентериер, а целиот модел се темели на новата TNGA модуларна платформа која е искористена и кај Auris. Засега не е познато со кој се мотори ќе биде понуден новиот RAV4 како и почетната цена. Се очекува овие информации да бидат познати во текот на саемот во Њујорк.