Во рамките на “предвечерјето” на саемот за автомобили во Њујорк кој за посетителите се отвора утре, Cadillac го претстави својот најнов модел XT4. Станува збор за автомобил од средната класа на SUV автомобили кој има заа цел да им парира на BMW X1, BMW X3, Volvo XC40 и останатите автомобили во оваа класа. Со одличен дизајн овој автомобил несомнено дека добро би се пронајдол и низ улиците во Европа. И во овој модел американскиот производител не отстапува од традиционалната предна маска, а издолжените светла на предниот и задниот дел му даваат доста модерен изглед. Она што се знае за овој кросовер е дека доаѓа со 2.0 литарски четири цилндрен турбо бензински мотор со девет степен автоматски менувач. Во внатрешноста доминира 8 инчниот CUE инфотајмент систем кој овозможува целосна слобода во задавањето на најголем дел од командите на автомобилот. Секако тука се луксузните и спортски седишта кој доаѓаат и со опција за масажа.
Иако нефоцијално, сепак се претпоставува дека почетната цена во САД ќе изнесува 37 илјади американски долари.