Конечно! По долга најава претставена е новата генерација од Toyota RAV4 која саемското деби ќе го има на претстојниот саем во ЊуЈорк. Многу поразличен од претходната генерација и од останатите модели од гамата на јапонскиот производител, новиот RAV4 освојува на прв поглед. Со не толку истакнати облини и со минималистички екстерни елементи, новиот RAV4 плени со својот карактер во чије јадро се наоѓа луксузниот ентериер, агресивно-спортскиот екстериер зачинет со традиционалната off-road ДНК на RAV4.
Новата генерација на RAV4 се базира на новата TNGA модуларна платформа која е искористена и кај новиот Auris, а ќе биде темел за новите тојотини модели кои ќе се појават во наредните 2-3 години. Иако меѓуоскиното растојание е зголемено за 30 mm и изнесува 2689 mm, сепак севкупната должина е помала за незначителни 5 mm и изнесува 4595 mm.
Основниот модел на RAV4 кој ќе се продава во САД ќе биде опремен со 2.5 литарски четири цилндрен бензински мотор со осум степен автоматски менувач, а истиот овој мотро ќе биде дел и од хибридната понуда на Toyota.
Во однос на внатрешноста, според субјективното мислење ова е најдобриот екстериер кој Toyota го има лансирано во последните неколку години. Тука се наоѓа стандардниот 8 инчен екран, а новата генерација на RAV4 е опремена со последниот аудиот систем наречен Entune 3.0 кој во целост гo подржува Apple CarPlay системот. Неизбежен дел од внатрешноста се и USB портовите, бежичниот полнач на смартфони, предна и задна камера и слично. Командите на управувачот, атмосферското осветлување како и најразлични додатоци кои овозможуваат поголема функционалност и просторност се дел од новиот RAV4.
Со оваа петта генерација, Toyota со право се надева дека ќе успее да ги загрози Subaru Forester и Hyundai Tucson кои во моментов се лидери во сегментот во САД, а Tucson бележи одлични продажни перформанси во Европа. Засега не е позната цената по која ќе се продава, но она што се знае е дека таа ќе биде доста конкурентна на претходно споменатите автомобили.