Дефинитивно еден од најдобрите штандови на претстојниот саем во Њујорк е оној на Genesis. Највпечатлив модел кој ги освои не само медиумите туку и сите посетители е концептот Essentia. Овој автомобил на иднината како што го нарекуваат од јужнокорејскиот производител е целонсо електрифициран, а ја поседува последната технологија која овозможува минимална вклученост на возачот во управувањето и максимално уживање.
“Ние ја разбираме нашата обврска како производител на луксузни автомобили да создаваме предмети на желба кои предизвикуваат страст и инспирација со нагласување на културата, истовремено надминувајќи ги очекувањата во однос на технологијата и поврзувањето со што нашиот надворешен свет беспрекорно се вклопува во внатрешноста на возилото” изјави Манфред Фицгералд, шеф во Genesis.
Иако нема многу податоци околу техничките карактеристики, она што се знае за овој концепт е тоа што има лесна структура благодарение на тоа што е изработена од карбоно-фиберски влакна. Во внатрешноста доминира футуристичкиот изглед каде централно место зазема огромниот екран на допир кој ја содржи последната технологија кога е во прашање мултимедијата и интеграцијата со други уреди. Едноставно кажано, Essentia e вистинскиот автомобил на иднината, блиската иднина.