RS5 е адутот на Audi на претстојниот саем во Њујорк. Со веќе позната дизајнерска филозофија, но и со 2.9 литарски V6 мотор кој овозможува забрзузвање до стотка за 3.9 секунди, овој модел ги привлече сите посетители на саемот.Со овој модел германскиот производител ги предизвикува своите сонародници пред се BMW M4 и Mercedes AMG C63.
“Audi RS5 Sportbac е повеќе од само еден саемски новитет – тој нуди нешто ново. Нашата интерпретација на пет вратно купе едноставно нема конкуренција” изјави Мајкл Ренц, директор на спортската дивизија во Audi. Инаку во продажба овој модел ќе се најде доцна летоска, а веќе од почетокот на летото ќе може да се прават нарачки за овој модел.