Откако се појавија бројни натписи дека Tesla во наредниот период ќе отиде под стечај, деновиве сме сведоци на нов удар за американската компанија. Имено, како што пренесоа првично медиумите во САД, а потоа и сите светски медиуми, Tesla ќе повлече дури 123 илјади возила од нивниот најпродаван модел, Model S. Како главна причина се наведува проблеми поврзани со серво воланот, а ова е прво големо повлекување за Tesla што секако ќе има финансиски импликации.
Овој настан е последен во низата на немили настани за Tesla откако во вторникот американската влада објави дека ќе го истражува минатонеделниот сообраќаен инцидент во кој учествуваше нивниот Model X. Ова и натписите за стечај придонесоа за засега невиден пад на акциите на Tesla на берзата во Њујорк.