More
    HomeАуто МиксТопНајдобрите 10 Lancia автомобили (ФОТО)

    Најдобрите 10 Lancia автомобили (ФОТО)

    Објавено на

    Иако Lancia е пред изумирање, сепак овој италијански бренд кој функционира во рамките на FCA има и тоа како богата историја, многу побогата од многу сега популарни автомобилски брендови. Во последните 25 години Lancia се позиционираше како луксузен бренд во фамилијата на Fiat, но доколку се погледне во историјата на овој бренд, во минатото под влијание на Alfa Romeo и инспирирани од Ferrari создадоа моќни автомобили. Од сите досегашни модели на италијанскиот производител, во продолжение ви ги претставуваме најдобрите 10 Lancia автомобили во избор на CarMagazine.

    1) Fulvia

    Lancia Fulvia

    Во 1962 година благодарение на Пјеро Кастањеро и останатите вработени во центарот за дизајн, Lancia ja создаде Fulvia која веќе наредната година влезе во сериско производство. Иако во целиот животен век беа создадени неколку изведби, сепак спортските изведби не оставија никого рамнодушен. Со овој автомобил Lancia учествуваше на Сафари Релито во Африка, Европскиот Рели Шампионат како и Светскиот и Италијанскиот рели шампион. Во 2003 година Lancia го објави концептот на Fulvia на 21. век, но за жал овој концепт не влезе во сериско производство.

    2) Fulvia Zagato

    Lancia Fulvia Zagato

    Ова е всушност една од изведбите на Fulvia. Со поголема аеродинамичност и помала тежина, овој автомобил беше вистински хит во 60тите и 70тите години.

    3) Delta

    Lancia Delta HF

    Прва асоцијација на Lancia е токму овој модел. Најуспешниот автомобил во рели шампионатот, но и Европски автомобил на годината во 1980 година, Delta е најуспешниот модел кој го има произведено Lancia. Овој автомобил дебитираше на саемот во Франкфурт во 1979 година, а 80тите и 90тите години имаше вистинска доминација во WRC. Поради тоа овој автомобил беше симпатија и на многу фанови на BMW, Audi, Opel…

    4) Aurelia

    Lancia Aurelia

    Дефинитивно најпопуларниот италијански автомобил во 50те години. Под хаубата на ова купе се наоѓа тогаш иновативниот V6 мотор, а беше конструиран за при возењето да овозможи идеална дистрибуција на тежината на предниот и задниот дел. На тогаш популарната трка Mille Miglia, Aurelia ги зазеде сите три подиумски места.

    5) Thema 8.32

    Lancia Thema 8.32

    Во 80те и 90те години главниот збор во дизајнирањето на италијанските автомобили го имаше Џорџето Џуџаро. Токму од работилницата на Italdesign Pininfarina излезе и Lancia Thema. Овој автомобил, наследник на Gamma и Trevi го користеше модифицираниот мотор од Ferrari 308 кој потоа се покажа и многу подобар од оригиналниот мотор. Thema во понуда беше со 2.0, 2.8, 2.9 и 3.0 литарски бензински и 2.5 литарски дизезл мотор.

    6) 037

    Lancia 037

    Уште еден супер спортски автомобил на Lancia кој “жареше” и “палеше” во WRC шампионатот. Атило Бетега, Валтер Рурл и Марку Ален со овој автомобил забележаа неколку победи и бројни одлични возења. Со само 980 кг и 2.0 литарски I4 мотор, овој автомобил уште еднаш го потенцираше спорсткиот карактер на Lancia кој во овој период беше поизразен од на пример Alfa Romeo.

    7) LC2

    Lancia LC2

    Доста е! Ќе помислите дека Lancia била најдобриот италијански производител на спортски автомобили… Па добро, нема воопшто да згрешите. LC2 е само уште еден од низата спортски автомобили. Користејќи го моторот на Ferrari 308C, а во соработка со Abarth, овој автомобил одлично парираше на останатите “фаворити” во WSC (World Sportscar Championship). 

    8) Beta

    Lancia Beta

    Берлина, Треви, Купе, Спајдер, ХПЕ, Монтекарло… Овој автомобил бил создаден за сите. Како наследник на Fulvia може да се каже дека овој автомобил не ги исполнил очекувањата на љубителите на автомобилите, но Montecarlo изведбата е навистина неверојатна.

    9) Flaminia

    Lancia Flaminia

    Lancia знае(ше) да создаде баланс помеѓу спортските и луксузните автомобили. А во редовите на луксузни автомобили дефинитивно место има за Flaminia. Овој автомобил за прв пат започнал да се произведува во 1957 година како наследник на фамозната Aurelia. Исто добра како и својата претходничка, Flaminia има добиено бројни признанија и дефинитивно е најсекси купе. А под хаубата, 2.5 литарски и 2.8 литарски, чистокрвни Lancia V6 мотори. Можете да замислите какво е чувството кога ќе се притисна педалата за гас.

    10) D50

    Lancia D50

    И за крај, дали сте знаеле дека Lancia има учествувано во F1? Toкму со горенаведениот автомобил/болид именуван како D50, Lancia оствари 5 победи на 14 настапи (трки) во F1, па оттука и овој автомобил го ставаме во топ 10 Lancia автомобили. 

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...