И додека се сумираат продажнит перформанси за минатиот месец, објавени се и официјалните продажни бројки за месец февруари. Како и претходниот месец и овој месец во поглед на продажбата доминира Volkswagen со продадени 125.998 возила што претставува пораст за 9% во однос на истиот период минатата година. Со ова продолжува доминацијата на Volkswagen кој во февруари оствари убедливо најголема продажба на кинескиот пазар. На втората позиција слично како и во јануари се најде Reanult со продажба од 80.183 возила додека на третата позиција со солиден пораст од 15% се најде Peugeot со продадени 78.679 возила.
На 4. и 5. позиција се наоѓаат Ford и Opel со продадени 76.978 односно 65.763 возила. Во ТОП 10 брендовите за месец февруари се наоѓаат уште и Mercedes, Audi, Fiat, Skoda и BMW. Во топ 20те брендови најголем пораст има Seat од 20% и продадени 35.070 автомобили додека најголем пад од 9% има италијанскиот бренд FIAT.
Во поглед на моделите најпродаван модел за февруари е Golf со продадени 36.754 автомобили додека на втората позиција е Renault Clio со 24.607 продадени автомобили. Иако во Топ 10те најпродавани брендови за месец февруари немаше ниту еден јапонски бренд, во најпродаваните модели се наоѓа само еден модел. Станува збор за Nissan Qashqai кој се наоѓа на шестата позиција со продадени 19.289 автомобили што воедно е и најпродаваниот SUV за месец февруари во Европа.