Познатата македонска компанија Дени Интернационал има потреба од двајца извршители за две работни позиции:
- Сметководител и
- Возачи
Во однос на првата работна позиција, потребни услови кои кандидатот треба да ги исполнува се: висока образование од областа на економските науки, лиценца за овластен сметководител, работно искуство во материјално и финансиско сметководство, познавање на англиски јазик и работа со компјутер и висока работна етика. Почетната месечна плата изнесува 35.000 денари.
Повеќе информации околу огласот за оваа работна позиција прочитајте ТУКА.
Во однос на огласот за вработување на возач со Е – категорија потребни се следните услови: возачка дозвола (Е категорија), лиценца за учество на возачите во меѓународниот сообраќај, дигитална картица, АДР картица, а предност ќе имаат кандидатите со меѓународно искуство. Повеќе информации околу огласот за оваа работна позиција прочитајте ТУКА.