Речиси 350 илјади Volkswagen автомобили се наоѓаат складирани на неколку плацеви ширум САД. Како последица на дизелгејт скандалот, германскиот производител од пазарот на САД повлече околу 350 илјади возила кои истите ги складира на неколку локации, големи колку неколку фудбалски игралишта. За овие 350 илјади возила, Volkswagen мораше да плати 7.4 миијарди американски долари како и дополнителни милиони долари по најразлични основи.
Од германскиот производител на почетокот на оваа недела изјавија дека сите овие возила редовно се одржуваат со цел истите да бидат долгорочно оперативни и да се задржи нивниот квалитет и вредност. Инаку дел од овие автомобили се извезуваат, дел им се враќаат на корисниците, а на дел сеуште не им е познат статусот.
ФОТО: Autonews