Со тизер видео, американскиот производител ја најави новата генерација на Focus која официјално ќе биде претставена на 10 април. Според видеото, но судејќи и од фотографиите кои неодамна истекоа во јавноста, новиот Focus драстично ќе се разликува од актуелната генерација. Со пооштри линии и поспортски карактер новиот Focus дефинитивно ќе ја напаѓа лидерската позиција во сегментот каде во моментов се наоѓa VW Golf.
Во однос на цената и останатите технички карактеристики засега нема многу информации, а официјалните се очекува да бидат објавени на денот на премиерата.