Не сите се сложни околу забраната на дизелот во Германија. Иако неколку покраини донесоа одлука за негова забрана сепак централната влада има други намери. Судејќи според изјавата на министерот за финансии, Бундестагот нема намера да се откаже т.е. да ја воведе забраната за дизел автомобилите.

Во интервју за “Funke Mediengruppe” Олаф Шолц изјави дека Германија мора да стори се што може за да ги избегне забраните за дизел автомобилите. Во рамките на ова интервју тој ги отфрли повиците владата да понуди финансиски стимулации за добивање на повеќе чисти горилни дизел автомобили и намалувањето на емисиите на штетни гасовид во високо загадените градови.

“Задача на индустријата е да развијат возила што ги задоволуваат постојните и идните правила за чист воздух” изјави Шолц за весникот додавајќи дека мора сериозно да се посветни внимание на развојот на електрични автомобили и популаризација на јавниот транспорт.

Шолц кој е и самиот сопственик на дизел автомобил додаде дека наметнатите забрани за дизел возилата се против желбите на населението. “Ние мораме да сториме се што можеме дза да ги спречиме забраните на дизел возилата” изјави тој.

Интервјуто на Шолц доаѓа по изјава на Ангела Меркел која пред пратениците изјави дека е прироитет намалувањето на загаденоста во големите градови.