Најголемиот морски мост е пуштен во функција. По речиси девет години изградба, 55 километарскиот мост кој го поврзува Хонг Конг со Жухаи е пуштен во функција и за него се потрошени 20 милијарди американски долари.
Овој мост е за 20 пати долог од Голден Гејт, во него е вграден челик колку за 60 Ајфелови кули, а според надлежните овој мост ќе се експлоатира во наредните 120 години.