Францускиот производител Citroen го објави “освежениот” C1. Екстериерот и ентериерот се со минимални измени во однос на претходниот модел, а со тоа C1 и натаму ја следи актуелната дизајн филозофија на францускиот производител која во голема мера е истакната кај моделите C3, C3 Aircross и C4 Cactus.
Новитет кај новиот C1 се 32 комбинации на боја која купувачот може да ја избере при купување на автомобилот односно би-колоритноста е главниот адут преку кои ќе се акцентира модерниот и урбан екстериер.
Подновениот C1 со себе донесува и повеќе алатки за асистенција на возачот. Така тука се воведени предните и задни камери, дополнителните сензори, целосната интегрираност со смарт уредите како и Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink системите. Секако, тука е и 7 инчниот екран на допир кој доминира во централниот дел на инструмент таблата.
Најголемата промена во однос на претходниот модел се наоѓа под хаубата. Така “освежениот” C1 пристигнува со три цилиндрен бензински мотор, истиот оној кој се користи кај Toyota Aygo, а втомобил кој всушност се темели токму на оваа PSA платформа.
Новиот автомобил веќе може да се купи кај дилерите во Франција, а почетната цена започнува од приближно 14 илјади евра.