Да, добро прочитавте, ова е Lada Questa автомобилот на иднината на рускиот производител. Дизајниран од страна на Вјачеслав Александров, а инспириран од Bugatti и останатите супер автомобили, Questa треба да биде пример во развојот на иднината на Lada.
Сепак, треба да се знае дека овој концепт е дизајниран од страна на рускиот моделатор па оттука и не треба да се сфати сериозно овој модел. Како што изјави Александров за Sputnik, уште од 2002 година тој креира модели, а потенцира дека ќе му биде голема чест доколку АвтоВАЗ го прифати овој негов концепт и наскоро го стави во сериско производство.