Новиот WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure) тест зема уште една жртва. По BMW серија 7, BMW M3 и Mercedes AMG V12, како последица на строгите емисиони регулативи нова жртва на овој тест е Audi поточно моделот SQ5.
Германскиот производител е приморан да ја прекине продажбата на овој модел во Европа, а оваа одлука произлегува од тоа што новата регулатива поврзана со емисионите гасови влегува на сила од 1 септември.
Audi соопшти дека оваа одлука е заснована на т.н. пополнет капацитет, но германските медиуми пренесоа дека зад овој изговор се крие токму оваа регулатива и мерките предвидени во рамките на истата. Така доколку сакате да купите токму ваков модел ќе морате да побрзате бидејќи залихата во фабриката во Мексико каде и се произведува овој модел е на минимално ниво.