More
    HomeВестиИндустријаFCA го продава Magneti Marelli

    FCA го продава Magneti Marelli

    Објавено на

    Fiat Chrysler Automobiles ја продава Magneti Marelli компанијата за производство на компоненти за автомобилската индустрија. Оваа вест најпрво ја објавија италијанските медиуми, а потоа и останатите медиуми кои наведуваат дека со овој потег FCA сака да се фокусира исклучиво на производството на автомобили.

    За продажбата на оваа компанија која е дел од FCA, а претходно и од Fiat Auto S.p.A. се збореше и во минатото кога заинтересирани за нејзино купување беше јужнокорејската корпорација SAMSUNG, а претходно и германската Volkswagen AG. Сепак сите овие понуди беа одбиени. Денес, неколку години потоа, FCA се одлучува да ја продаде оваа компанија, а оваа одлука произлегува од 5 годишниот стратешки план кој во 2016 година го презентираше Серџо Маркијоне, првиот човек на FCA.

    “Продажбата ќе донесе дополнителна вредност за акционерите на FCA, но исто така ќе придонесе за оперативна флексибилност која е неопходна за понатамошниот стратешки развој на Magneti Marelli” изјави претходно Маркијоне.

    Засега не е познат моделот на продажба и процентот на отуѓување на оваа компанија, но според написите тоа треба да се случи најдоцна до средината на следната година.

    MAGNETI MARELLI ЛИДЕРИ ВО СВЕТСКИ РАМКИ

    За оние кои не знаат многу за Magneti Marelli, оваа компанија е основана во далечната 1919 година, а како основачи се појавуваат Fiat и Encole Marelli. Првичната замисла на Ањели, тогашниот претседател на Fiat беше оваа компанија да служи како добавувач исклучиво за потребите на Fiat, но подоцна со развојот на автомобилската индустрија компонентите произведени во погоните во Корбета најдоа примена во многу други автомобили. Во многуте години проследени со раст и развој, оваа компанија денес, благодарение на својата успешна приказна брои 12 центри за развој и 26 производствени погони во 19 земји во кои работат 43 илјади вработени.

    Како едни од попознатите брендови на оваа компанија се: AL- Automotive Lighting, Carello, Cromodora, Cofap, Ergom Automotive, Jaeger, Mako Elektrik, Parefiu, Securvia, Seima, Siem SpA, Solex, Veglia Borletti, Vitaloni, Weber итн. Со приходи од 7.9 милијарди евра во 2016 година, оваа компанија е лидер во светски рамки во својот сегмент, а во насока на тоа оди и фактот што покрај за автомобилските брендови кои се под капата на FCA, Magneti Marelli произведува и за Volkswagen групацијата, Ford и останатите светски производители.

     

     

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...