По Монте Карло и Мексико, Себастиен Ожие забележа нова, трета победа сезонава откако денеска беше најбрз на трката во Корзика. Ожие пред домашната публика на првата позиција заврши со време од 3:26:52.7 што е за 36.1 секунда побрзо од она на естонецот Танак кој заврши на втората позиција.
На третата позиција заврши Невил од тимот на Hyundai Shell со време од 3:28:00.2 и заостанување од 1:07.5 минути зад Ожие додека на четврата позиција се најде неговиот тимски колега Сордо. Најдобрата петорка ја заокружува Евнас кој со неговиот Ford извозе време од 3:28:58.8.
“Многу сум среќен за нашите перформанси тука. Беше прекрасно” изјави Ожие кој во моментов е на првата позиција на генералниот пласман со 84 поени и предност од солидни 17 поени пред Тиери Невил кој се наоѓа на втората позиција односно От Танак кој со 45 поени се наоѓа на третата позиција.
Наредната трка од WRC шампионатот е закажана за 26 април кога на програмата ќе се вози трката во Аргентина поточно во Виља Карлос Паз.