More
    HomeВестиИндустријаFord најпродаван бренд за март во САД

    Ford најпродаван бренд за март во САД

    Објавено на

    Ford ја задржува лидерската позиција во САД кога е во прашање продажбата. Откако во јануари и февруари заврши на првата позиција како најпродаван бренд, трендот го продолжи и во месец март каде повторно заврши на првата позиција со убедлива продажба во однос на Chevrolet на втората позиција. Така според официјалните податоци, Ford во месец март продаде 233.669 возила што е пoраст во однос на истиот месец минатата година за 3.7%. Оваа бројка му го обезбедува лидерското место на американскиот производител кој од почеток на годината до 31 март има остварено продажба од 574.332 возила. На втората позиција се наоѓа Chevrolet со продадени 199.367 возила и пораст од 15.6% во однос на истиот месец минатата година. Со овој пораст Chevrolet од втората позиција го симнува јапонскиот производител Toyota кој забележа продажбата во месец март од 195.750 возила.

    Од европските производители најдобро котира Volkswagen кој со продадени 32.548 возила се наоѓа на 14. позиција. На втората позиција во конкуренција на европските произзводители се наоѓа Mercedes со продадени 31.374 возила, а на третата позиција се наоѓа уште еден германски производител, BMW кој забележа пораст на продажбата во односс на март минатата година од само 1%.

    Гледано процентуално, најголем пораст на продажбата во март 2018 споредбено со истиот месец минатата година има Jeep и тоа од 44.7%. Овој бренд е и најпродаваниот во месец март од сите брендови во FCA групацијата, но овој раст не е доволен за да ја помине границата од 100 илјади продадени автомобили во еден месец. Така според официјалните податоци Jeep во март има продадено 98.382 возила што е еден од најдобрите месеци во последните 5 години. Најголем процентуален пад имаат Fiat и Smart. Италијанскиот производител продаде само 1.544 автомобили што е пораст од 47.2% во однос на истиот месец минатата година додека Smart забележа пад од 66.1%.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...