Осумдесеттите години на минатиот век беа години кога Ferrari на големо работеше за градење на својот имиџ и репутација. Предвесник на популарноста на овој италијански бренд беше моделот F40. Дело на дизајнерското студио Пининфарина, ова Ферари ги освои срцата на сите авто љубители кон крајот на 80тите години. Ferrari F40 во продажба се појавува во 1987 година, но инсипрацијата за овој модел потекнува од 1984 година. Тогаш, Енцо Ферари имал намера да создаде директен конкурент на Porsche 959 со кого би се натпреварувал во групата Б на FIA. Сепак, FIA во 1986 година се одлучува да го рпекине ова натпреварување со што во Маринело остануваат пет прототипа на Ferrari 288 GTO Evoluzione. Со цел истите да ги искористи, врз основа на овие модели се создава и легендарната F40.
Сепак тоа дека F40 е креиран како последица на 959 кон крајот на 80те години го демантираа од Маринело. “Сакавме да биде многу брз, спортски и екстремен Спартан. Клиентите велеа дека нашите автомобили стануваат премногу удобни и спортски. F40 беше создаден за ентузијасти и сопственици кои не сакаа ништо друго освен спортски перформанси. Тоа не беше автомобил кој произлегуваше од лабораторијата на иднината ниту е Star Wars, едноставно не беше создаден поради тоа што Porsche го создаде 959, едноставно тоа се случи” изјавија од маркетинг секторот на Ferrari во 1988 година за еден авто магазин. Сепак како и да е F40 се случи и остави голема трага во историјата. Најзаслужни за тоа се Леонардо Фјораванти и Пјетро Камардела кои како дел од студиото Пининфарина во целост го дизајнираа овој автомобил.
Овој модел на Ферари располагал со 2,9 литарски агрегат и 352 КС доволни за до 100ка да забрза за 4.6 секунди поради што важел за еден од најбрзите автомобили своевремено.
Овој автомобил и покрај тоа што е продаден во сите 400 примероци сепак не наиде на позитивни критики од тогаш познатите авто критичари. Car and Driver за овој автомобил на почетокот на 90те ќе кажат дека F40 е мешавина на терористичка и сурова возбуда што може да се протоклува и во позитивна и негативна конотација. Претходно, во 1988 година во Фјориано, Италија за време на тестот од Automobile Magazine и Car Magazine ќе изјават дека Porsche 959 е далеку подобар автомобил.
Гордон Мареј од MotorTrend во јули 1990 година по тестот на F40 излегол со критики за технологијата вградена во овој автомобил потенцирајќи дека истата е од 50те и 60те и многу застарена за тогаш модерните спортски автомобили.
Од овој автомобил беа произведени само 400 автомобили, а последниот автомобил бил произведен во 1992 година. Цената на истиот се движела околу 400 илјади тогашни американски долари или 860 илјади американски доалри денес. Наследник на овој модел е уште еден легендарен, Ferrari F50.