Германскиот производител BMW го лансираше пилот проектот преку кој за месечна претплата можете да одберете и возите некој од автомобилите на BMW. Проектот наречен “Access by BMW” е веќе лансиран во САД каде за износ од 2 илјади американски долари можете да возите 530e, 540i, X5, 440i Coupe или M2, а за малку поголема претплата можете да одберете и некој од M моделите како што се M5, X5 M, X6 M i M4.
Тоа значи дека можете секој месец да менувате возила од BMW, а во месечната претплата се вклучени 3.220 km како и бесплатен сервис. Тоа значи доколку поминете над 3.220 km ќе мора да платите дополнителни финансиски средства, а сите трошоци поврзани со расипување и сервисирање на возилото паѓаат на трошок на BMW односно се вклучени во месечната претплата.
Овој проект е предвидено да се спроведе само во САД и земјите од Западна Европа, а доколку се покаже како успешен германскиот производител планира да го имплементира и во останатите земји, пред се економски развиените.