More
    HomeВестиНовитетиКонечно претставен новиот Focus - подобар од било кога

    Конечно претставен новиот Focus – подобар од било кога

    Објавено на

    Конечно, по долга најава и бројни тизер фотографии, Ford ја претстави новата генерација на популарниот Focus. Со многу поспортски дизајн преку кој се огледа спортскиот карактер, помешан со модерни урбани црти новиот Focus слободно може да се каже дека е најдобриот досега, а воедно и најдоброто нешто што произлего од погоните на американскиот производител во последните неколку години.

    “Пропорционалниот Focus созреа многу” изјави менаџерот на дизајн Џордан Бенет, а неговата изјава кажува многу за посветеноста што американскиот производител го имаше во процесот на развој на овој автомобил, а преку истата тој ја потенцираше и совршеноста што новиот Focus ја поседува во однос на претходните три генерации. “Игравме многу со конкавните форми, движејќи се со навистина многу остри линии. Темата на автомобилот е едноставна – една линија која од браникот се протега кон задниот дел и целосно исчезнува во задната страна. Се обидовме да го реплицираме традиционалниот спортски автомобил…” додаде Бенет во однос на надворешниот дизајн.

    Ford Focus ST-Line - rear studio

    Кога сме кај екстериерот треба да напоменеме дека основната хечбек верзија е подолга за 15 мм и за исто толку пониска во однос на претходната, трета генерација која на пазарот за прв пат се појави во 2010 година. Кога сме кај димензиите новиот Focus доби и поголемо меѓуоскино растојание за 53 mm што сумарно значи и поголем простор за патниците. Инжинерите во Ford воопшто не се штеделе и кога е во прашање коефициентот на отпор на воздухот. Така овој коефициент кај четвртата генерација изнесува 0.286 што воопшто не е резултат за потценување, а доколку на ова се додаде и фактот дека вкупната тежина е за 88 kg намалена тогаш со право може да се каже дека новиот Focus ги има сите предуслови за најубав хечбек на пазарот.

    Ford Focus ST-Line - studio side

    А новитети? Новитети има многу. Како во екстериерот кој како што кажавме претходно изгледа многу поспортски т.е. по атлетски така и во ентериерот каде Ford има посветено огромно внимание на сите детали. Така во новиот Focus можеме да се сретнеме со т.н. Head-up дисплеј, Apple CarPlay и Android Auto интегративен систем како и 6.5 инчен екран осетлив на допир.

    Ford Focus ST-Line - interior

    Новиот Focus за разлика од претходната генерација ќе биде достапен во три варијанти основна хечбек верзија, ST-Line, Vignale и квази SUV верзија, а со цена од околу 17.900 фунти во Велика Британија и бројни технолошки новитети, Ford во новиот Focus положува голема амбиција во пазарниот сегмент како голем конкурент на Golf VII како и Opel Astra, Kia Ceed и Toyota Auris.

    Засега нема официјални информации кога новиот Focus ќе се најде во салоните на овластените дилери во Македонија, но мора да кажеме да истото со нетрпение го очекуваме.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...