Експанзијата на Jaguar продолжува. По F-Pace, E-Pace и I-Pace, Jaguar го најавува и новиот J-Pace кој ќе биде најголем SUV во гамата на британскиот производител.
Иако нема многу информации околу техничкиот дел, се претпоставува дека J-Pace под хаубата ќе има 5.0 литарски V8 мотор со што директно ќе им конкурира на Porsche Cayenne Turbo S и BMW X5M. Она што се знае е дека J-Pace ќе има всушност модифицирана алуминиумска архитектура од Range Rover, но екстериерно и ентериерно доволно различен.
J-Pace се очекува официјално да се појави не подоцна од 2020 година, а се проценува дека почетната цена за основниот модел ќе изнесува околу 80 илјади британски фунти.