Дизелот полека исчезнува од понудата на многу авто производители. Последен во низата на авто производители е Aston Martin кој објави дека нивниот прв SUV ќе биде достапен само во бензинска изведба.
Првиот SUV се очекува во производство да влезе наредната година, а ќе биде директен конкурент на Bentley Bentayga, Rolls-Royce Cullinan, Lamborghini Urus како и на првиот SUV на Ferrari кој треба да се појави во наредните две години. Иако нема многу информации околу овој модел сепак се знае дека и дефинитивно овој модел ќе го носи беџот на Aston Martin и покрај тоа што се најавуваше дека ќе се продава под брендот Lagonda кој всушност е новиот премиум бренд на британскиот производител.