Русите остануваат верни на Lada. Според последните податоци за продажбата во март, 30.708 возила од вкупно продадените 157.279 се од брендот Lada што претставува пораст од 22% во однос на истиот месец минатата година кога AvtoVAZ од овој бренд продаде 25.110 возила. Со ова Lada и понатаму доминира на рускиот пазар каде неуспешно се обидуваат да го заземат приматот Kia, Hyundai, Renault, Toyota, VW и Skoda.
Инаку од почетокот на годината заклучно 31 март Lada успеа да продаде 79.114 возила што е пораст за 29% во однос на истиот период минатата година кога Lada успеа да продаде 61.447 автомобили. Сепак и покрај доминацијата на Lada, сепак најпродаван автомобил за месец март во Русија е Kia Rio, Овој автомобил во март беше продаден во 9.809 примероци што е повеќе за околу 800 автомобили во однос на најпродаваната Lada, Vesta која се наоѓа на втората позиција. На третата позиција се наоѓа уште една Lada и тоа Granta која забележа пораст на продажбата од 564 возила и во овој месец беше продадена во 8.381 примероци.
Овие бројки покажуваат дека русите и натаму остануваат верни на својата на национална гордост.