Работниците во Skoda имаат голема причина за радост. Како што пренесоа чешките медиуми, а потврдија и од Volkswagen, вработените во Skoda ќе добијат за 12% повисоки плати.
Зголемувањето ќе започне од април годинава, а ќе заврши во март наредната година и истото вклучува зголемување на плата од 12% како и воведување на дополнителни зголемувања и бонуси. Целта на ваквиот потег на раководството е избегнување од можноста за штрајк на вработените кои неколку пати го искажаа своето незадоволство поради пониските плати во однос од вработените во другите фабрики на Volkswagen групацијата.
Од друга страна, Skoda е значително профитабилен бренд па оттука вработените очекуваат да бидат наградени поради нивното учество во создавањето на профитабилен бренд. Како и да е, овој потег на Volkswagen е во чекор со трендот на автомобилската индустрија во Чешка кој веќе неколку години е во пораст, а со тоа и просечната плата на ниво на сектор бележи значителен пораст во однос на останатите сектори.