Во пресрет на саемот за автомобили во Пекинг кој официјално започнува на 29. април, луксузниот јапонски производител Lexus објави тизер за редизајнот на ES моделот. Пристигнувањето на “освежениот” ES беше најавено уште од претходно, а премиерата ќе ја има на најголемиот саем за автомобили во Азија.
Иако нема многу информации околу овој модел, она што се знае е дека новиот модел се базира на истата платформа како и новата Toyota Camry односно на новата TNGA платформа. Под хаубата ќе има 3.5 литарски V6 мотор кој ќе продуцира 301 КС, а достапен ќе биде само со автоматски менувач. Секако, тука е и хибридната верзија со 2.5 литарски мотор.
Она што е сигурно е и дека овој модел ќе продолжи да се произведува во фабриките на Toyota во Фукуока (Јапонија) и Џорџтаун (САД).
Инаку ES моделот за прв пат се појави во 1989 година и важи за еден од најпродаваните на луксузната дивизија на Toyota.