Една од најпознатите дизајнерски куќи во светот која се прослави со безвременските дизајни за Ферари, Pininfarina, на претстојниот саем во Пекинг ќе го претстави концептот H500. За таа цел, а во пресрет на официјалната премиера закажана за 25 април, италијанската компанија објави тизер од концептниот седан.
Со спортски, ултра модерен екстериер и со неверојатен ентериер, Pininfarina преку овој концепт се обидува да ја долови иднината на автомобилизмот која претставува минималистичка надворешност и внатрешност во која доминира високата технологија.
Инаку оваа дизајнерска куќа е во мнозинска сопственост на Махиндра групацијата, а овој концепт е развиен во соработка со Hybrid Kinetic Group од Хонг Конг. Повеќе информации околу овој концепт се очекува да бидат брифирани на денот на премиерата.