Откако во вторникот и официјално беше претставена новата генерација на Ford Focus, на интернет се појавија бројни рендери за можниот изглед на ST изведбата. Така, еден од бројните рендери е оној на X-Tomi Design. Она што неофицијално е познато е дека ST изведбата треба да се појави кон крајот на годината, најдоцна на почетокот на следната, а основниот модел би имал 1.5 литарски EcoBoost турбо мотор со 275 КС, како и неколку естетски промени кои уште повеќе ќе го потенцираат спортскиот карактер.
Инаку новата генерација на Focus e подолга за 15 мм и за исто толку пониска во однос на претходната, трета генерација која на пазарот за прв пат се појави во 2010 година. Кога сме кај димензиите новиот Focus доби и поголемо меѓуоскино растојание за 53 mm што сумарно значи и поголем простор за патниците. Инжинерите во Ford воопшто не се штеделе и кога е во прашање коефициентот на отпор на воздухот. Така овој коефициент кај четвртата генерација изнесува 0.286 што воопшто не е резултат за потценување, а доколку на ова се додаде и фактот дека вкупната тежина е за 88 kg намалена тогаш со право може да се каже дека новиот Focus ги има сите предуслови за најубав хечбек на пазарот.
Засега нема официјални информации кога новата основна верзија на Focus ќе се најде во продажните салони, но она што се знае е дека ST изведбата треба да ја очекува кон крајот на годината, најдоцна на почетокот на следната.