По саемот во Белград кој се одржа минатиот месец, уште еден голем регионален саем на автомобили оваа пролет. Станува збор на саемот за автомобили во Загреб, најголем во Хрватска, а заедно со оној во Белград, најголема саемска манифестација за автомобили на Балканот.
Саемот кој започна во вторникот предизвика големо внимание поради бројните супер автомобили претставени во халите во Загреб, но и разочарување кај посетителите поради тоа што на овој саем ја нема националната гордост, Rimac.
Овој саем кој ќе трае до 15 април нуди богата саемска програма, а комплетната агенда можете да ја погледнете ТУКА. Во продолжение пак ви претставуваме две видеа со сите новитети на овој регионален саем за автомобили.