Одбројувањето започна! Уште помалку од еден месец до овогодинешниот хуманитарно-забавен настан DFCCA (Drive For Colon Cancer Awareness). Оваа година овој интернационален настан ќе се одржи на 6. мај и тоа во 14 градови во Македонија и околу 100 други низ целиот свет и истиот ќе биде проследен со дефиле на Cabrio GT Coupe и Classic Cars клубовите.
Целта на овој настан е да се подржат сите кампања насочени кон борбата против канцерот на дебелото црево и малигнитетите кај децата. За таа цел сите овие хумани возачи – учесници, ќе се појават на улиците и ќе ја искажат својата подршка на оваа иницијатива.
Хуманитарен партнер на овој настан е Lions International, а покрај возното дефиле кое започнува со собир пред PSS (Зајчев Рид) во рамките на овој настан ќе се одржи и хуманитарна забава која започнува во 12:30 часот во GP Картинг.
Повеќе информации околу овој настан можете да прочитате на официјалниот интернет сајт www.dfcca.com како и на официјалниот Фејсбук настан (Кликни ТУКА).
Во продолжение неколку фотографии од минатогодишниот настан.
ФОТО: FB – Drive For Colon Cancer Awareness