Веќе подолго време се шпекулираше дека Милер ќе биде разрешен од функцијата извршен директор, особено откако потфрли во менаџирањето со последиците од т.н. дизел скандалот. По долгите најави тоа официјално се случи вчера кога едногласно му беше прекинат договорот кој беше со важност до 2020 година. Така на негово место сега е именуван Херберт Дис кој исто така ќе има мандат од пет години.
“Мојата најважна задача сега ќе биде да се приклучам на менаџерскиот тим и да ја продолжиме еволуцијата во профитабилна групација и групација светски лидер во одржливост” беше наведено во краткото соопштение на Дис кој официјално на извршното “столче” ќе седне денес кога германскиот производител ќе го објави и договорот потпишан од двете страни.
Инаку во фокусот на пет годишниот мандат ќе бидат електрифицираните автомобили и преориентацијата кон алтернативните деривати.