Најчитаниот германски авто магазин Auto Bild објави фотографија од Honda односно Acura NSX во кабрио изведба. Идентична како и основната NSX, оваа изведба ќе ги има и истите перформанси вклучувајќи и мотори. Така основната верзија која ќе биде помоќна од Type R ќе располага со 3.5 литарски V6 хибриден агрегат кој ќе продуцира неверојатни 573 КС. Ваквите технички карактеристики ќе овозможат забрзување до 100ка за само 3.0 секунди.
Од засег познатото, оваа изведба премиерно се очекува да биде претставена во текот на оваа година, а од погоните во Охајо би требало првиот примерок да излезе кон крајот на оваа година и истиот би чинел околу 200 илјади американски долари.