Амбициозниот план кој предвидува достигнување на бројката од 800 илјади автомобили на годишно ниво до 2020 година не делува толку оптимистички ако се знае дека во мината календарска година шведскиот производител успеа да продаде околу 470 илјади автомобили, а од почетокот на годината досега има забележано рекордна продажба на неколку привлечни пазари.
Меѓутоа во исполнувањето на оваа примарна цел, Volvo планира тоа да го направи со актуалната гама на автомобили, а особено значаен придонес треба да имаат SUV моделите. Тоа значи дека во наредниот период Volvo нема да воведе нов модел и акцентот ќе го стави на постоечката понуда која планира во целост да ја електрифицира во наредните неколку години.
Toa значи дека во наредниот период во електрична верзија треба да ги видиме трите SUV модели и тоа XC90, XC60 и најновиот XC40. Во рамките на овој план ќе бидат опфатени и хечбек моделите V60 и V90 како и S90.
Првиот од погореспоменатите автомобили во електрична верзија се очекува да се појави уште оваа година.