Една од најпознатите дизајнерски куќи во светот која се прослави со безвременските дизајни за Ферари, Pininfarina, на претстојниот саем во Пекинг пред неколку дена објави дека ќе го претстави концептот H500. Меѓутоа тоа нема да биде единствениот концепт на италијанската компанија бидејќи на овој саем ќе биде претставен и K350 концептот.
Овој концепт е всушно SUV модел, а иако нема многу информации во моментов за техничките карактеристики она што се знае е дека ќе биде целосно електрифициран автомобил кој со едно полнење ќе може да помине и до неверојатни 1000 километри.
Инаку како и претходниот концепт така и овој е развиен во соработка со Hybrid Kinetic Group од Хонг Конг. Повеќе информации околу овој концепт се очекува да бидат брифирани на денот на премиерата.