Откако минатата година се појавија најави дека Maybach ќе произведе верзија од следната генерација на GLS, вчера и официјално е потврдено доаѓањето на оваа изведба преку тизер видео објавено на Twitter профилот на Mercedes Benz. Во 33 секундното видео се прикажани неколку луксузни детали, а официјалната премиера е закажана за 25 април на саемот во Пекинг.