Следејќи го трендот на создавање на електрични автомобили, а посебно камиони, шведскиот производител Volvo работи на создавањето на првиот свој електричен камион. Се очекува до крајот на годинава Volvo во целост да го создаде првиот шведски електричен камион, а продажбата да започне на почетокот на следната година.
“Горди сме да ви го презентираме првиот целосно електричен Volvo камион. Со овој модел правиме градовите да можат да постигнат одржлив урбан развој и во целост да бенефитираат од предностите што ги овозможува електрифицираниот камионски транспорт” изјави Нилсон, претседателот на Volvo Trucks.
Она што во моментов се знае дека камионот ќе има 300 kWh батерија која ќе може да овозможи камионот без проблем да помине до 300 km и истата е наречена Volvo FL Electric. Оваа батерија ќе биде искористена и кај останатите камиони, но и автомобили од гамата на Volvo.
Од малкуте информации се знае и дека полнењето на батеријата ќе трае максимум 2 часа и дека тежината на камионот ќе изнесува речиси 16 тона.
Во наредниот период се очекува да бидат откриени повеќе информации особено околу цената на овој камион.