Новиот компактен кросовер на Tesla, моделот Y ќе започне да се произведува во ноември, но следната година. Како што пишува Reuters, а кој се повикува на два неименувани извори, Tesla новиот кросовер ќе го произведува во Фремонт, Калифорнија започнувајќи од ноември 2019 година, а две години подоцна ќе започне и прозиводството на овој модел во Кина.
Причината за одложувањето на почетокот на производството не е позната, но се шпекулира дека главна причина за тоа е немањето на доволно финансиски средства, а ова го потврди и извештајот т.е. анализата на Moody според која американскиот производител се соочува со немање на доволно финансии. Оваа анализа предизвика бројни шпекулации околу иднината на Tesla па се појавија многубројни написи дека оваа компанија е пред банкорт. Друга причина за одложувањето на производството е и исполнетоста на производствениот капацитет.