Луксузната Ситроенова дивизија, DS, на претстојниот саем во Пекинг ќе претстави футуристички концепт преку кој ќе ја демонстрира својата визија за 2035 година. Во видеото кое го објавија на својот официјален YouTube канал, може да се види само мал дел од футуристичкиот дизајн, а она што се претпоставува е дека овој автомобил ќе биде во целост електрифициран со спортски карактер.
Повеќе информации околу овој концепт ќе бидат познати кон крајот на месецот за кога е и закажана премиерата во Пекинг.